(Видео) Тиквички полнети со мелено месо - сочни и полни со фил, се топат во уста

Точка

26/07/2022

18:34

23.802

Големина на фонт

а а а

Полнетите тиквички се оброк кој многу брзо и лесно се подготвува.

Тиквичките можете да ги приготвите на безброј начини. Денес ви претставуваме рецепт за тиквички полнети со месо.

Подгответе сочен фил со кој ќе ги исполните чамчињата од тиквички, потпечете ги и уживајте!

Потребни состојки:

- 2-3 тиквички
- 500 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 4 лажици варен ориз
- магдонос
- кашкавал
- доматен сос
- доматно пире

Начин на подготовка:

Пресечете ги тиквичките во должина, па издлабете им ја средината (направете чамчиња). Потоа, во тава на масло продинстајте го кромидот, додајте го меленото месо, а потоа и варениот ориз.

Додајте една сечкана пиперка, па потоа и средината што сте ја издлабиле од тиквичките. Додајте и магдонос, доматен сос и пире и зачини по вкус.

Наполнете ги тиквичките со филот, ставете ги во тава за печење и покријте ги со фолија, а потоа печете ги во рерна на 200 Целзиусови степени околу 30 минути.

Додајте кашкавал и магдонос, печете уште 5 минути и послужете ги.