Пет „нездрави“ намирници кои треба почесто да ги консумирате

Точка

25/07/2022

14:34

19.087

Големина на фонт

а а а

Во изминатите години експертите нѝ објаснуваа дека речиси сè што сме консумирале и сме сакале дотогаш не е баш најздраво.

Некои од нас ги послушаа таквите совети, а некои не, но новите истражувања велат дека дел од намирниците кои важеа за „забранети“ сепак може да се вратат на трпезариската маса.

Путер

До втората половина на минатиот век, путерот заземаше важно место во исхраната, а потоа започнаа приказните за неговата штетност по здравјето. Тогаш на сцена настапи маргаринот, чија состојка – трансмасните киселини, лекарите ја оценија како спас во борбата против холестеролот. Денес, кога е зголемена свеста за индустриски преработените производи и кога имаме сознанија за нивната штетност, маргаринот стана минато. Од друга страна, научниците откриле дека заситените масти од путерот го зголемуваат нивото на добриот холестерол и го намалуваат нивото на триглицериди, односно масни наслаги во крвта.


Пиво

Пивото е целосно природен и биолошки избалансиран производ, поради што со право се класифицира како течна храна. Енергетската вредност на еден литар пиво одговара на енергетската вредност на еден литар полномасно млеко.

Главната состојка на пивото, хмељот, е богата со антиоксиданти кои, како што покажаа многу истражувања, се заслужни за одржување на мускулната маса и забрзување на метаболизмот. Но, правилото кога пиете пиво, како и со другите алкохолни пијалаци, е да не претерувате!

Компир

Најскромниот зеленчук ја изгуби својата слава на трпезата во моментот кога беше означен како една од намирниците кои најмногу дебелеат. Во реалноста, пак, погрешниот начин на подготовка на храната е единствениот виновник за вишокот килограми. Доколку не се меша со масло, маргарин или павлака, компирот е многу здрав, што го потврдува и фактот дека е богат со витамини и минерали. Доколку го печете или го варите, компирот треба да најде место во вашата исхрана, бидејќи влакната кои тој ги содржи даваат чувство на ситост и обезбедуваат добро варење.


Јајца

Долго време лекарите не препорачуваа консумирање јајца бидејќи се мислеше дека тие го зголемуваат нивото на холестерол и го загрозуваат срцето. Меѓутоа, во последниве години, истражувањата ги вратија јајцата на пиедесталот како многу здрава храна. Јајцата се еден од најдобрите извори на холин, содржат антиоксиданти како лутеин и зеаксантин, јаглехидрати кои го продолжуваат чувството на ситост, а содржат и аминокиселини кои ја олеснуваат апсорпцијата на протеините.

Свинска маст

Дали сте изненадени што и свинската маст доспеа на оваа листа? Имено, нејзиниот углед беше нарушен со тврдењата дека нејзиниот состав му штети на здравјето на луѓето. Но, најновите истражувања сепак ја оценуваат свинската маст како здрава за организмот во некои сегменти. Свинската маст содржи 40 отсто заситени масти, а незаситените масти како олеинска киселина го одржуваат здравјето на срцето и се поврзуваат со пониско ниво на лош холестерол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг