Австриските власти советуваат – „пијте потопло пиво“

Точка

22/07/2022

15:33

2.836

Големина на фонт

а а а

Поради можноста од недостиг на гас, Министерството за заштита на клима и енергетика на Австрија објави препораки до граѓаните во кои ги советуваат како да заштедат енергија.

Помеѓу останатото, тие предложиле и зголемување на температурите во фрижидерите.

На Фејсбук профилот на Министерството најпрвин биле советувани Австријците да не се капат, туку да се тушираат бидејќи „за полна када се потребни 80 до 150 литри топла вода, а при туширање се трошат само 20 до 50 литри“.

Тој прв совет веќе наиде на критики од граѓаните кои, помеѓу останатото, оставале коментари како: „Баш вие треба да нè советувате за нешто што е познато, наместо да ја работите вашата работа и да спречите проблеми“.

Австриското министерство сега објави понатамошни совети до граѓаните како да штедат електрична енергија. На Твитер, еден од советите ги налутил Австријците, особено љубителите на пиво.


Имено, Министерството советува граѓаните да ја покачат температурата во фрижидерите за околу 2 степени, што би значело дека пивопијците повеќе не би имале студено пиво.

Тоа, сметаат од Министерството, би придонело за заштеда до 12 отсто електрична енергија. Исто така советуваат сите уреди да се исклучат од струја кога не се користат и да не се оставаат во „standby“ режим на работа.