(Фото) Кијану Ривс уште еднаш покажа колку голем човек е: „Ни требаат повеќе луѓе како него“

Точка

06/07/2022

15:20

9.632

Големина на фонт

а а а

Кијану Ривс уште еднаш покажа зошто е еден од најсаканите холивудски актери.

Имено, приказната за неговата средба со обожавател на њујоршкиот аеродром станала вирална на интернет.

Средбата ја забележал ТВ продуцентот Ендрју Кимел којшто на Твитер покрај фотографијата пренел и како течел дијалогот на холивудската ѕвезда и неговиот млад обожавател, пренесува „NME“.

Момчето наводно побарало автограм од Ривс после летото од Лондон за Њујорк, а потоа му поставил серија брзи прашања.

„Кијану со задоволство одговори на секое од нив“, напишал Кимел.

Кога момчето почнало да ги поставува прашањата Ривс шеговито „возвратил на ударот“ со своја серија прашања:

„Зошто беше во Европа? Во кои галерии во Париз беше? Што најмногу ти се допадна?“.

Кимел додал:

„Човекот не можел да биде љубезен, особено по прекуокеанскиот лет. Сакам да го споделам ова поради тоа што човекот е вистинска класа и мали моменти како овој можат да направат толку голема разлика во животот на луѓето. Ни требаат повеќе луѓе како Кијану“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг