Медведев: Казнување на земјата со најголем нуклеарен арсенал е закана за егзистенцијата на човештвото

Точка

06/07/2022

23:17

4.769

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, предупредил денеска на опасноста од казнување на Русија.

Претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на својот канал на Телеграм објавил текст во кој ја доведува во прашање можноста било кој од Русија да заврши пред меѓународниот суд поради нападот на Украина.

Цитирајќи го говорот кој го одржал на меѓународниот правен форум во Санкт Петербург, Медведев наведува: „Обидите за создавање на судови за таканаречена истрага на руските операции ги нареков луди. Тие предлози не се само правно ништожни. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурд сам по себе и потенцијално се заканува на егзистенцијата на човештвото“.


Медведев потоа се прашува "кој е тој идиот" кој повикува на судење на Русија и одговора на прашањето - Соединетите Американски Држави. Потоа наведува долга листа на воени интервенции на САД од крајот на Втората светска војна, пренесува "Index".

„Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија и тоа како се свесни колку катастрофални може да бидат последиците од таквите инвазии. Листата е долга и постојано расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 држави од крајот на Втората светска војна, според истражувањето на "Global Research". Размислете за тоа - повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како тој на 11-ти септември Америка изведе во други земји? Одговорот е околу 10.000“, пишува Медведев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг