Бразилска манекенка загинала во Харков: Снајперистка со искуство од Ирак настрадала во руско бомбардирање

Точка

06/07/2022

14:39

3.663

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка и снајперистка била убиена во руско гранатирање на Харков, само три недели откако пристигнала во Украина.

Како што пренесуваат бразилските и британските медиуми, Талото до Вале учествувала во хуманитарни мисии ширум светот и претходно се борела против ИСИС во Ирак.

Убиена била минатата недела откако проектил го погодил нејзиниот бункер во Харков, град на североистокот на земјата кој бил изложен на интензивно бомбардирање во текот на целата војна.



Студирала право, а во младоста работела како модел и актерка. Таблоидите "Mirror" и "Daily Mail" наведуваат дека учествувала и во спасување на животни со невладини организации.

Снајперска обука, наводно, ,минала кога се приклучила на Пешмерга, вооружени сили за независност на Курдистанскиот регион на Ирак.



Нејзиниот брат, Тео Родриго Виера ја опишал како хероина чиј животен повик бил да спасува други и да учествува во хуманитарни мисии. Рекол дека во Украина била само три недели, каде работела како спасувач, но и стрелец.

Исто така, наводно, им го чувала грбот на украинските сили од руските трупи кои доаѓале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг