Гинисов рекорд: 86-годишна жена веќе 65 години работи како стјуардеса

Точка

05/07/2022

21:13

11.175

Големина на фонт

а а а

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг работен стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат локалните американски медиуми.

86-годишната Бет Неш започнала да работи како стјуардеса во 1957 година за „Eastern Airlines“, а потоа продолжила да работи за „American Airlines“ без никакви прекини во работниот однос, потврдуваат од Гинисовата книга.


Неш открила дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможувало ноќе да се врати дома и да се грижи за својот хендикепиран син.

Од Гинисовата книга на рекорди која го потврди светскиот рекорд на 1 јули, наведуваат дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи 60 години работа во компанијата во 2017 година, Неш изјавила дека работата со годините значително се променила.


„Мораше да имаш одредена висина, мораше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку се здебелиш неколку килограми, мораше да продолжиш да се мериш, а ако останеш таков, ти ја намалуваа платата“, изјавила Бет за „WJLA-TV“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг