Видео: По морничавата несреќа на Силверстоун, кинескиот возач на Формула 1 избегнал смрт само поради една работа

Точка

05/07/2022

16:10

38.401

Големина на фонт

а а а

Модерната технологија прави разлика меѓу животот и смртта, а последниот стравичен настан во Формула 1 го докажува тоа.

Неодамна одржаната Голема награда во Велика Британија ќе остане запомнета по победата на претставникот на „Ферари“, Карлос Саинц и стравичниот удар на Кинезот, Гуанју Жу. Инцидентот се случи на стартот од трката, по што неговиот болид беше катапултирано во воздух.

Делува како чудо да му го спаси животот на возачот на Формула 1, но всушност станува збор за технологијата.

Жу се огласи непосредно по стравичната несреќа на Твитер: „Сè е во ред. Денеска ме спаси halo (ореолот)“.

Заштита од титаниум

Значи, Кинезот не би ја преживеал морничавата несреќа да не била заштитата „halo“ (ореол), инсталирана над главата на возачот, а истата беше претставена во 2018 година.

На почетокот, многу од возачите на Формула 1 се противеа на дополнителната конструкција од титаниум, а истата со текот на времето спаси повеќе трагедии.

„Halo“ оригинално ја дизајнираше екипата од „Mercedes-Benz Motosports“, но проектот го презеде FIA (Меѓународната автомобилска федерација) која организираше тестирање.

Спасоносната технологија им пречи и на љубителите на мотоспортот поради тоа што го „расипува“ естетскиот болид, но кога возите со 320 км/ч., остварувате контакт со противникот и „летате“ во воздух, токму „halo“ ја претставува разликата меѓу животот и смртта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг