(Видео) Тежок инцидент на стартот на Силверстоун: Жу леташе во воздух, па со болидот се удри во заштитната ограда

Дерби

03/07/2022

17:10

35.791

Големина на фонт

а а а

Трката за Големата награда на Велика Британија започна со голем инцидент во кој најдебелиот крај го извлече возачот на Алфа Ромео, Гуанју Жу.

Повеќе болиди имаа контакт, но оној на Џорџ Расел со Жу донесе „експлозија“ или поточно возачот од Кина летна во воздух, па болидот се изврте наопаку, се лизгаше на патеката по што заврши во заштитната ограда.

Сосема очекувано се крена црвеното знаменце, а она што е добро е Жу како и Алекс Албон се свесни и што е избегнато најцрното сценарио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг