(Видео) Дури 60 лица учествувале во тепачка на крузер, причината била од „љубовна природа“

Точка

05/07/2022

14:16

11.512

Големина на фонт

а а а

Во текот на последната ноќ од 8-дневно крстарење на Карибите се случила тепачка во која учествувале дури 60 лица, а поводот, ни помалку ни повеќе, бил од „љубовна природа“.

Имено, според известувањето на туристичката агентка Тереза Џејмс, неколку десетици луѓе во 2 часот наутро учествувале во тепачка на петтиот кат од крузерот на кој се наоѓале ноќен клуб и казино.

Џејмс за „Fox News“ изјавила дека започнала кавга поради обвинение за неверство, односно кога три лица се договориле да имаат интимни односи без да знаат нивните партнери и партнерки.

Инцидентот започнал кога се „разоткрило“ што направиле.

На снимката која започна да кружи на интернет се гледа како помала група луѓе меѓусебно се турка и се удира. Иако првичното несогласување било помеѓу двајца патници на танцувачкиот подиум, работите брзо излегле од контрола бидејќи сè повеќе луѓе се „впуштиле“ во кавгата.


Тереза истакнала дека ситуацијата траела цел еден час, но за среќа никој не се здобил со посериозни повреди. Тепачката се одвивала додека бродот бил во близина на Њујорк, а бидејќи членовите на обезбедувањето биле речиси немоќни пред толкав број луѓе, крајбрежната стража била присилена да го насочи бродот кон пристаништето каде ги пречекале њујоршката полиција и медицински лица.

„Тоа беше последна ноќ од патувањето, па претпоставувам дека сакаа „маестрално“ да ја испратат, но доживотната забрана за крстарење е лудост“, изјавил еден од сведоците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг