Во оваа држава постои „улица на солта“: Продавачи нема, но се подразбира – пари треба да си оставите сами

Точка

05/07/2022

14:04

26.881

Големина на фонт

а а а

Патувајќи низ Намибија може да видите нешто необично, што многумина го нарекуваат „улица на солта“, а покрај кристалите нема продавачи, туку се подразбира дека парите треба да ги оставите на масата во лименката доколку сакате да земете од кристалот.

На Фејсбук страницата „Putoholicari“ пренесена е интересната приказна за кристалите сол кои се наоѓаат во Намибија.

„Патувајќи низ Намибија од страна ќе забележите сè повеќе маси кои се наоѓаат на самиот раб на улицата, а на нив парчиња прекрасни кристали сол. Тоа што е интересно е тоа што продавачи нема нигде, туку на масата се наоѓаат кристалите и нивната цена. Сето тоа функционира преку искреност“, пишува во објавата.

Доколку земете парче кристал, должни сте да ставите пари во лименката која се наоѓа исто така на масата. На крајот од денот продавачите се враќаат до нивните маси за да си ја земат робата доколку не се продала и секако да ги земат парите кои им се оставени.


Кристалите се со различна боја, па така може да си купите жолти, црвени, бели, сиви или розови, а сето тоа зависи и од количината и видот на нечистотија која се наоѓа на солта. Овој дел од патот е познат и под името „улица на солта“ затоа што во него има и сол, па поради тоа треба да внимавате на ограничување на брзината поради тоа што меката подлога може да биде и опасна.

Целото ова подрачје е познато по произведувањето сол, па годишно таму се произведуваат над 210 милиони тони сол, а од тоа има помалку од 6 отсто за човековата храна.


Во Намибија климата варира, од пустинска до субтропска. Главно таму времето е суво и топло, а врнежите дожд се ретки и нерамномерно распоредени.

Студената Буенгуелска струја е насочена кон север, па поради тоа намалени се и количините врнежи од дожд во тоа подрачје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг