(Видео) Сцена од грчка плажа која насмеа многумина: „Не плаќа за лежалка, а ужива како кралица...“

Точка

05/07/2022

13:21

24.925

Големина на фонт

а а а

Откако почна туристичката сезона, интернетот е преполн со видеа од плажите.

На некои од нив можеме да видиме како капачите ги заземаат лежалките рано наутро, на некои како трчаат за да заземат подобро место, но фока на лежалка мора да признаеме дека досега не сме виделе.

Овој момент бил забележан на грчкиот остров Самос, а уживањето на фоката на лежалката насмеало многумина.

Која е цената на лежалките, дали е во ред местото на плажа да „се резервира“, кој има предност во заземање на редовите на плажата – сите овие прашања ги мачат туристите од почеток на сезоната.

Неодамна на интернет се појави видео на кое може да се види како една фока си лежи на лежалка.

„Не плаќа за лежалка, а ужива на истата... Сега ви е јасно зошто ние мора да плаќаме“, напишал еден корисник во Фејсбук групата „Live from Greece“.

Целосно очекувано, ова видео, а и описот привлекле големо внимание, но и бројни коментари, а на сите им било слатко да ја видат фоката како ужива и „се сонча“.

„Елитен турист“, „Кралицата ужива за сите пари, а природата е чудо“, „Си го живее животот, баш ѝ е удобно“, „Па има и таа душа“, биле само дел од коментарите под објавата во споменатата Фејсбук група.




Спонзорирани линкови

Маркетинг