Амбер Херд предала барање да се поништи пресудата во корист на Деп: „Нема докази“

Точка

04/07/2022

17:40

7.230

Големина на фонт

а а а

Правниот тим на Амбер Херд поднел барање пресудата донесена во корист на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, да се поништи.

Тие не бараат само поништување на пресудата туку и укинување на отштетата од 10,3 милиони долари, кои Амбер мора да му ги плати на Деп.

Адвокатите на актерката тврдат дека пресудата не е поткрепена со докази и предале документ од 43 страници на судот во Вирџинија во кој се опишани сите наводни неправилности во текот на судењето.


Тие навеле дека еден од поротниците е роден 1970 година, додека во документите на судот пишува дека е роден во 1945 година.

„Од ова несогласување произлегува и прашањето дали „поротникот 15“ навистина добил покана за должност на поротата и дали судот прописно го проверил за да биде во поротата“, напишале адвокатите на Херд.

Покрај 10-те милиони долари надомест на штета и 350.000 долари казнена отштета, поротата ѝ додели на Херд 2 милиони долари отштета за нејзината противтужба на што исто така се пожалил нејзиниот правен тим, пренесува „Variety“.


„Господинот Деп не изнесе никакви докази дека Херд не верувала дека била злоставувана“, напишале адвокатите во барањето кое го предале во петокот, па додале:

„Поради тоа, господинот Деп не ги исполни законските услови за вистинска злоба и пресудата треба да биде поништена“.

За потсетување, Џони Деп ја тужеше својата некогашна сопруга Амбер Херд за клевета за семејно насилство која таа ја изнесе во напис за „The Washington Post“, а поротата пресуди во негова корист.



Спонзорирани линкови

Маркетинг