Пејачката Бијонсе неодамна го објави синглот „Break My Soul“ кој ја воодушеви и Мишел Обама и кој ќе се најде на нејзиниот претстоен албум „Renaissance“, а сега објави и кавер фотографија за истиот. Но, не било каква!
Бидејќи „Renaissance“ е нејзин прв соло албум по „Lemonade“ од 2016 година, а кој ќе излезе на 29-ти јули, пејачката морала да направи нешто посебно. Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која јава рефлектирачки коњ, а на себе носела само накит.
act i RENAISSANCE 7.29 https://t.co/6sfw3sBWnz pic.twitter.com/FPPhEW1OTK
— BEYONCÉ (@Beyonce) June 30, 2022
„Креирањето на овој албум ми овозможи прилика да создадам место за соништа и да пронајдам бегство од застрашувачкиот свет во кој се наоѓаме. Тоа ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристички во време кога речиси ништо не се случуваше. Мојата намера беше да создадам безбедно место, место без осудување. Место каде што ќе се ослободите од перфекционизмот и претераното размислување. Место за врисок, чувство на слобода“, напишала Бијонсе во описот на фотографијата.
Бијонсе суптилно го навести своето враќање на музиката претходно оваа година со нејзиниот веќе вообичаен потег - со бришење на своите фотографии на сите свои профили на социјалните мрежи бидејќи тоа во нејзиниот случај значи дека подготвува нешто ново.