2 модни комбинации за 1 час: Стајлинзите со кои Хајди Клум покажа дека е „мајка на експериментирањето“

Точка

30/06/2022

16:10

16.792

Големина на фонт

а а а

Таа има 49 години, четири деца и фигура на тело со која ни се претстави уште пред три децении, па поради тоа што и да облече изгледа фантастично.

Германската манекенка Хајди Клум привлекува внимание со своите модни избори затоа што успева на многу ненападен начин да ја истакне својата витка фигура на тело.

Во последно време таа воодушевува со своите лежерни модни изданија, а сега за еден ден носела две елегантни комбинации кои ги изнела како да е на модна писта.

Манекенката гостувала во некоја емисија во Америка, а папарацо фотографите подготвено ја дочекале пред студиото.

Убавицата на снимањето пристигнала во црно одело со класичен дизајн, а предимензионираниот блејзер и кошулата биле со идентичен дезен. Станува збор за крупен цветен принт со ефектни пастелни нијанси, а ова одело е претставено во колекцијата Жорж Хобеик за пролет 2022 година.


За излегувањето од студиото, Хајди подготвила еднакво разнобојна креација, но овојпат елегантна тоалета каква може да замислиме на црвениот тепих.


Станува збор за тесен макси-фустан од брендот „Mission“ кој е дел од овогодишната пролетна сезона и кој има едноставна чамец-крагна и совршено ја истакнува фигурата на тело на манекенката.

Инаку, во истиот фустан имавме можност да ја видиме и нејзината колешка и пријателка Синди Крафорд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг