„Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографија од грчките плажи предизвика полемика на социјалните мрежи

Точка

29/06/2022

15:16

25.200

Големина на фонт

а а а

За да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристите се служат со разни методи и тактики.

Па така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, пред да се упатат на појадок во хотелите, после кој следи целодневно капење и сончање на плажа.

Меѓутоа, дека многумина немаат ниту мерка ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажале фотографиите кои неодамна биле споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, настанати на Атос.

Сцената забележана во седум часот наутро, авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на туристите.

На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно „обележани“ со пешкири или чанти.


„Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да останеш до пладне“, пишува авторот, додавајќи дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема по 20 лежалки.

„Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките“, „Јас станувам во 5 часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, веќе слободната зона е зафатена“, гласеле некои од коментарите.

На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.

„Во многу летувалишта ова е забрането“, „Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“, гласат коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг