Еден од најголемите крузери на светот ќе тргне на своето прво, a воедно и – последно патување

Точка

29/06/2022

14:00

47.849

Големина на фонт

а а а

Плановите за крузерот „Global Dream II“, еден од најголемите крузери на светот, пропаднале поради банкротот на неговите градители.

Трупот од бродот ќе тргне на своето прво, а воедно и последно патување поради тоа што оди на локација каде ќе биде расклопен.

Инаку, крузерот требаше да биде свет за себе, да прими 9.000 патници и да понуди исклучителен луксуз. Меѓутоа, градењето може да трае со години, а приоритетите се менуваат или настануваат проблеми како што е пандемијата на коронавирусот.


Во случај со овој крузер, неговиот труп е завршен, моторите се поставени како и други механички системи, но банкротот го спречил доградувањето на истиот.

Крузерот е подолг од 340 метри, припаѓа на класата „Global lass“ огромни океански бродови.

Произведувачот „Mv Warften“ тврди дека ваквите бродови имаат 2.500 патнички кабини и 20 палуби.

Бродовите се дизајнирани за азискиот пазар, содржат забавни паркови, кина, ресторани, трговски центри, театри, спортски терени и друго.


Во плановите на компанијата била употреба на AI технологија за многу услуги. Крузерот требало да го напушти бродоградилиштето минатата година, но сето тоа не се случило поради пандемијата на коронавирусот, додека во меѓувреме интересот за крстарење се намалил.

Компанијата „Mv Warften“ банкротирала во јануари, бродоградилиштето пропаднало и ќе се користи за произведување на подморници и други пловила, додека пак крузерот „Global Dream II“ ќе биде расклопен и продаден во отпад. Неговото прво патување воедно ќе биде и – последно.