Кристијан Бејл повторно во улога на Бетмен? Само под еден услов

Точка

29/06/2022

09:33

7.906

Големина на фонт

а а а

Кристијан Бејл изјави дека би прифатил повторно да го игра Бетмен, но само ако Кристофер Нолан повторно седне на режисерското столче.

Актерот кој го играше легендарниот суперхерој во трилогијата „The Dark Knight“ изјави за „Variety“ дека, и покрај одредени гласини, никој од него нe побарал да ѝ се врати на оваа улога.

Меѓутоа, доколку Нолан го замоли уште еднаш да стане Бетмен, Бејл тврди дека неговиот предлог веднаш би го прифатил.


„Имав пакт со Крис Нолан. Рековме: „Ајде да снимиме три филма, ако имаме среќа тоа да го направиме. А потоа да си одиме, да не се задржуваме предолго“. Кога Крис би ми рекол дека има да раскаже уште една приказна и сака да ја раскаже со мене, би прифатил“, истакнал актерот.


Бејл и Нолан заедно работеа на филмовите „Batman Begins“, „The Dark Knight“ и „The Dark Knight Rises“, а последните два остварија заработка од над 1 милијарда долари по филм, пренесува „Daily Mail“.

Светот наскоро ќе го гледа Кристијан во филмот „Thor: Love and Thunder“ во кој игра улога со која уште еднаш докажа дека е крал на трансформациите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг