Украинки направиле платформа за возрасни и продаваат голи фотографии, а парите ѝ ги праќаат на нивната војска

Точка

28/06/2022

18:17

15.869

Големина на фонт

а а а

„TerOnluFans“ е итнернет платформа на која Украинките, но и неколку Украинци, ги продаваат своите голи фотографии, а парите кои ги добиваат ѝ ги даваат на украинската војска.

Во изминатите три месеци собрани се речиси 665.000 евра. Настасја Наско (23), основачка на оваа иницијатива, за „Business Insider“ раскажала дека до идејата дошла целосно случајно.

Имено, неколку денови откако Русија ја нападна Украина, Настасја на Твитер прашала дали некој може со автомобил да ја евакуира нејзината другарка од Харков.

Откако никој не ѝ одговорил на шега напишала дека на оној којшто ќе ѝ помогне во таа ситуација ќе му испрати своја гола фотографија.

По пет минути, се јавиле 10 луѓе, а целата акција била завршена успешно. Нејзината другарка побегнала од градот, а Настасја на човекот му испратила гола фотографија.

На „TerOnlyFans“ профили имаат 35 жени и тројца мажи

Платформата била започната по неколку дена, на Денот на жената. Моделот на апликацијата е сличен како оној на „OnlyFans“ и се темели на претплатници. Парите собрани од платформата одат директно кај украинската војска.

Поголем дел од парите одат кај територијалната одбрана, но дел од приходите се испраќа и на луѓе кои им помагаат на имигрантите и животните.

Во проектот засега се вклучени 35 жени и тројца мажи. За разлика од „OnlyFans“, појаснува организаторката, на „TerOnlyFans не се прифаќаат барања за специфични фотографии.

Наско е од Белорусија, пред војната живеела во Киев, а по руската инвазија се преселила во Варшава. Таа за „Business Insider“ изјавила дека е горда на својот единствен начин на собирање донации за Украина:

„Среќна сум што можам да ги поддржам луѓето во Украина и да покажам дека не се сите Белоруси како Русите, дека ние сме и добри луѓе. Сакам да им помогнам на нашите соседи“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг