Овие несмасни панди ќе ви го поправат денот, видеото е урнебесно

Точка

24/06/2022

19:46

16.287

Големина на фонт

а а а

Пандите поради својот изглед и чуден карактер на многумина им се омилени животни, а видеото кое неодамна е објавено на "Reddit" покажува дека знаат да бидат и прилично забавни.

Снимката прикажува многу сцени со панди од една зоолошка градина. Младенчиња паѓаат едни преку други при игра, се сопнуваат и се многу смешни и несмасни. Освен тоа, се гледаат и работници од зоолошка градина кои, на пример, неуспешно се обидуваат да ги фатат "смотаните" животни пред да паднат во барата.

Видеото е објавено со текст: „Се колнам дека пандите се само смотани пијани луѓе кои носат црно-бели нинџа костими. Ги обожувам“. Со оглед на тоа како се однесуваат на снимката, ова е прилично точен опис на пандите.

Луѓето биле воодушевени од овие слатки животни. „Многу ретко се гледа нешто со панди, а да не е тотален хаос. Но секогаш е слатко“, „Не ми е јасно како преживуваат во дивината“, „На кого му се потребни природни непријатели кога самите си се закана за својот вид“, пишувале луѓето во коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг