Болна исповед на Шерон Стоун: Актерката открила дека имала дури 9 спонтани абортуси

Точка

24/06/2022

13:31

7.696

Големина на фонт

а а а

Славната актерка Шерон Стоун открила дека имала 9 спонтани абортуси, а да ја изнесе својата приказна во јавноста ја поттикнала американската пејачка Пита Мургатројд која неодамна објави дека го загубила своето бебе.

„Ние жените немаме простор за разговор за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Меѓутоа, присилени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба самите да се носиме и дека тоа е некој вид неуспех. Загубив 9 деца преку спонтани абортуси“, открила 64-годишната Стоун.


„Наместо да примиме и преку потребно сочувство и емпатија и исцелување кое нѝ е толку потребно. Женското здравје е препуштено на идеологијата на мажите“, истакнува Шерон.

Сепак, таа успеала да се оствари како мајка со посвојување на тројца синови - Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф.


Инаку, Мургатројд неодамна објавила дека го изгубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.

„Не знаев дека сум бремена. Крварев два дена. Мислев дека сум добила менструација“, изјавила таа во интервју за магазинот „People“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг