(Фото) Неодамна откри дека го одбила Роналдо, а беше во врска и со Алонсо – запознајте ја руската секс-бомба Одинцова

Точка

23/06/2022

21:17

40.974

Големина на фонт

а а а

Викторија Одинцова има армија следбеници на социјалните мрежи, а ја нарекуваат една од најубавите манекенки на светот.

Таа плени со својата убавина и провокативните фотографии кои никого не оставаат рамнодушен.

Таа неодамна го шокираше светот откривајќи дека го одбила Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој се обидел да ја „заведе“ преку Инстаграм.

Сепак, малку е познато дека таа била во врска со возачот на Формула 1, Фернандо Алонсо.

Русинката најпрво беше поврзувана со Британецот Луис Хамилтон, но дури по романсата со Алонсо нејзината кариера во манекенството тргна во нагорна патека.

Веќе е јасно дека Шпанецот ги обожава Русинките, со оглед на тоа дека беше во врска со сонародничката на Викторија, Даша Капустина.

Вики и Фернандо исто така живееја заедно во Дубаи, а потоа раскинаа.

Одинцова неодамна во една емисија на Јутјуб откри дека го одбила Кристијано Роналдо, одговарајќи на прашањето дали Португалецот се обидел да биде со неа.

„Да. И не само што ми лајкуваше. Ми пиша порака - „Здраво, како си“. Веднаш ја избришав пораката и не сакав да одговорам. Не одговарам на сите, јас сум добра девојка. Не сакав да му дадам никаква шанса. Ајде, ве молам, знам многу девојки на кои Роналдо им праќа пораки. И што треба да направам? Дали треба да се согласам? Нема шанси, момче, немаш шанса кај мене“, изјави Викторија.

Таа сега има 27 години, родена е во Санкт Петерсбург, а од својата 18-та година се занимава со манекенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг