Несреќа пред снимање на серија: Починаа двајца актери, шестмина повредени

Точка

18/06/2022

22:06

12.629

Големина на фонт

а а а

Двајца актери од серијата „Избрани“ на Нетфликс починале во сообраќајна несреќа, додека уште шестмина членови на тимот се повредени.

Членовите на тимот се возеле во комбе кога тоа удрило и се превртело во несреќа во близина на сетот. Во несреќата загинале двајца актери, а шестмина членови на тимот се повредени, соопштија официјални лица.

Жртвите првично не биле идентификувани. Одделот за култура на Долна Калифорнија подоцна објави дека Рајмонд Гардуњо Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар загинале.

Несреќата се случила на пустински пат кај Мулеге на полуостровот Долна Калифорнија. Екипата снимала во блиската Санта Росалија.

Серијата „Избрани“ е за 12-годишно момче кое дознава дека Исус Христос се вратил, предодреден да го спаси човештвото.

„Избрани“ се базира на серијата стрипови на Марк Милар и Питер Грос. Серијата ја снима неидентификувана независна продукциска куќа. Официјалните лица немаат информации дали несреќата ќе влијае на производството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг