Твитерџиите не останаа „имуни“ на Алабаковски, ова се дел од реакциите: „Ламбе Паликуќа – нова улица во Битола“

Точка

07/06/2022

14:00

13.800

Големина на фонт

а а а

Со причина денешна тема на денот е веста која одекна во медиумите – денеска бил идентификуван и приведен човекот кој го запали бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, а потоа се дозна дека станува збор за макеедонски пејач Ламбе Алабаковски, кој пред извесен период се врати од Америка.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи претходно информираше дека е приведено едно лице кое го признало делото за пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола.

Македонската јавност Алабаковски го запозна пред 17 години преку музичкото шоу на М2 продукција „Плеј – потрага по ѕвезди 2004“, а за многу кратко време младото момче родум од село Љубојно стана миленик на македонската публика.

По денешната вест, твитерџиите повторно имаа полни раце работа, а ова се дел од твитовите: