Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку социјалните мрежи информираше дека е приведено едно лице кое го признало делото за пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола.
Откако во медиумите на големо се пишува дека осомниченото лице е познатиот македонски пејач, Точка ги контактираше СВР Битола, од каде нѝ потврдија дека Ламбе Алабаковски се води како осомничен и моментално е на разговор.
„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото.
Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.
Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со...
Posted by Oliver Spasovski on Tuesday, June 7, 2022
Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“, напиша Спасовски на Фејсбук.







