Пронајдена една од најинтересните колекции на автомобили

Макфакс

06/06/2022

23:14

35.204

Големина на фонт

а а а

Многу возила кои се пронајдени во складиштето се прилично запуштени, а колекцијата вклучува некои култни автомобили.

Во Англија е откриена голема збирка класични автомобили. Видеото на британскиот јутјубер "The Bearded Explorer" покажува десетина автомобили од марките "Porsche", "Rolls-Royce", "Bentley" и "Jaguar".

Зградата во која се наоѓа збирката била обрасната со дрвја и коров, а многу од автомобилите биле прекриени со слој мов. Бројни автомобили паркирани пред објектот биле прекриени со дрвја и грмушки.

Пронајдените возила се прилично запуштени, а колекцијата вклучува некои култни автомобили, како "Porsche 911", "Ford Sierra XP 4x4", "Metro GT-A", "Fiat Coupe", "Lotus Espirit" и "Jensen Interceptor".

Се верува дека станува збор за збирка на богат колекционер без потомство. Во секој случај, многу од овие примероци сигурно ќе завршат на аукција, а некои за жал на отпад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг