Илон Маск се заканува дека ќе се откаже од купувањето на Твитер ако не добие точни податоци за лажните профили

Точка

06/06/2022

18:22

43.814

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на компанијата "Тесла", Илон Маск, го обвинил раководството на "Твитер" дека би можел да ја откаже својата 44 милијарди долари вредна понуда за преземање на компанијата ако не му достават податоци за точниот процент на несакани пошта и лажни профили на таа социјална мрежа.

Правниот тим на Маск во писмо навел дека "Твитер" очигледно материјално ги крши своите обврски и дека Маск ги задржува сите права да го раскине договорот.

„Илон Маск смете дека Твитер одбива да ги исполни своите обврски од договорот, што предизвикува дополнителни сомнежи дека компанијата ги крие бараните податоци“, наведено е во писмото.

Маск веќе со недели во твитови и интервјуа се жали на проблемот со "спам" роботите и лажните профили на "Твитер".


Претходно рекол дека договорот привремено ќе се одложи додека чека компанијата да му ги достави податоците за процентот на лажни профили на мрежата, но сега прв пат официјално се заканил дека ќе се откаже од аквизицијата.

Сепак, компанијата го потценила значењето на предупредувањата на Маск за тоа да го стави договорот на пауза додека не ги добие податоците кои, како што рекол, ќе му помогнат да се подготви за сопственоста над Твитер.

Американскиот милијардер ја довел во прашање точноста на јавните податоци на "Твитер" за спамовите, тврдејќи дека тој процент изнесува најмалку 20 проценти.


Маск навел дека бараните податоци му се потребни за да спроведе сопствени анализа на корисниците на Твитер. Рекол дека не верува во "едноставните методи на проверка" кои ги применува таа компанија.

Извршниот одбор на "Твитер" во април ја прифатил понудата на Илон Маск за 44 милијарди долари да ја преземе сопственоста над таа компанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг