(Видео) Глувците ќе спасуваат луѓе од рушевини: Погледнете како ги тренираат со опрема

Точка

06/06/2022

15:12

47.781

Големина на фонт

а а а

Непрофитабилната организација „APOPO“ соработува со научниците од Глазгов на проектот „HeroRats“, кој подразбира глувците да ги тренира за спасување луѓе од рушевини.

Поголем дел од луѓето глувците ги сметаат за штетници, иако станува збор за многу интелигентни цицачи, а нивната обука моментално се спроведува во Африка.


Одат во Турција

Глувците носат минијатурни „ранчиња“ со микрофони и камери за спасувачите да можат да комуницираат со жртвите од земјотресите, пренесува „Metro“.

Досега обуката ја поминале седум глодари, а на научниците им било потребно две седмици да ги научат како да ги следат сигналите и да пронаоѓаат луѓе.


Тие ќе бидат испратени во Турција, која е позната како такво подрачје каде ќе се зголемат работите на спасувачките служби.

Робот од Пекинг

Да ве потсетиме, експертите од Институтот за технологија во Пекинг развиле минијатурен робот „SQuRo“ кој со изгледот потсетува на сив глушец.


Лесно се провлекува низ пукнатините од 90 милиметри и преминува агли и до 90 степени.

Неговата задача е да пронајде преживеани лица во рушевините или пак да понуди надзор до тешко пристапните локации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг