Ова се петте најскапи градови за живеење во светот: Погледнете зошто цените во нив се вртоглаво високи

Точка

05/06/2022

14:45

21.936

Големина на фонт

а а а

Запознајте ги петте најскапи градови на светот и дознајте ги причините зошто цените во истите се толку високи.

Процесот на селекција не е едноставен и тој вклучува многу фактори кои меѓусебно се условни, а анкетата опфатила 173 градови на пет континенти, споредувајќи ги секојдневните трошоци за живот, вклучувајќи го сместувањето, цената на храната и пијалаците, превозот, рекреацијата, цената на алкохолот.

Истражувањето било спроведено од страницата „Статиста“ која се занимава со собирање квантитативни податоци и анализа на истите.

Сингапур

Трошоци за живеење: 3.604 долари месечно

Популација: 5,6 милиони


Додека многу од градовите во Азија биле горе-долу на листата најскапи градови на светот низ годините, Сингапур сега го зазема едно од првите места. Сингапур е суверен град-држава на остров на југоисточна Азија. Поради неговата чистота и користење на зелената енергија, Сингапур се сместува меѓу најскапите градови на светот. Цената на намирниците, автомобилите и патувањата се превисоки во Сингапур.

Хонгконг

Трошоци за живеење: 3.879 долари месечно.

Популација: 7,4 милиони


Хонгконг е посебен административен регион. Неговиот статус на метрополитански центар со локална управа и живеење му ги дава сите карактеристики на скап град. Хонгконг е една од најгусто населените области на светот со висока цена за живеење. Животот таму е единствено искуство каде живеењето е скапо.

Осака

Трошоци за живеење: 4,157 долари месечно

Популација: 2,69 милиони


Осака во регионот Хоншу во Јапонија е најнаселениот град во својата префектура. Иако таму нема толку метеж како во Токио, сепак луѓето во Осака имаат високи трошоци за живот, делумно благодарение на долгата историја на Осака како централен економски центар во Јапонија. Поради високите цени на храната во градот и на недвижнините, Осака е еден од најскапите градови во светот за кој се проценува дека четиричлено семејство троши по 480.000 јени месечно (околу 4.157 долари).

Копенхаген

Трошоци за живеење: 4,234 долари месечно

Популација: 799 илјади


Копенхаген е главен град на Данска, а во градот има над 799 илјади луѓе. Тој е понаселен и поурбан од било кој друг град во таа земја. Трошоците за живот таму се високи, а тоа не го оспорува фактот дека таму киријата е поскапа за 84 отсто од останатиот дел од свето, а исто така и цената на храната. Данска е позната како една од најскапите и најраскошните земји на светот.

Тел Авив

Трошоци за живеење: 4,360 долари месечно

Популација: 435 илјади


Тел Авив во Израел постојано е на топ-листата на најскапи градови за живот на светот, поради вредноста на израелската валута која постојано расте за разлика од американскиот долар.

Кон крајот на минатата година Тел Авив го зазеде првото место на оваа листа. Цената на намирниците и превозот се двата главни фактори кои придонеле во растот на трошоците за живот во Тел Авив.