Луѓе кои со години живеат и работат во Канада, тврдат: Ова е вистината за животот во странство...

Точка

24/05/2022

13:49

28.769

Големина на фонт

а а а

Во потрага по подобар живот многумина одлучуваат да остават сè и да заминат во некоја друга земја.

Иако многумина мислат дека таму некаде тече мед и млеко и дека парите лесно се заработуваат, судејќи по изјавите од луѓето кои со години живеат и работат во Канада, вистината е различна.

На социјалната мрежа „Редит“ се водела полемика за тоа како изгледа всушност животот во странство, а еве што можело да се прочита во коментарите:

1. Огромна оддалеченост меѓу градовите. Условно, поевтино е да летате во Европа отколку во многу други места во Канада.

2. Зимите се навистина брутални, во зависност од тоа каде живеете. Со оглед на студенилото и снегот, деновите исто така се пократки.


3. Трошоците за живот се големи. Кириите се високи, куќите непристапни, скапи се и претплатите за мобилни телефони, млечните производи се скапи, како и алкохолните пијалаци, особено во баровите.

4. Треба задолжително да имате автомобил. Освен доколку животот ви е многу ограничен, во смисла на патувањата и никогаш не го напуштате вашиот град, освен со воз (ова е единствено доколку живеете на исток). Во некои од градовите не можете да бидете сигурни ниту за автобускиот превоз.

5. Автопатиштата и инфраструктурата се лоши. Тука не зборувам за поправките, туку за дизајнот и сметам дека како и во САД имаат сличен проблем.

6. Животот во непосредна близина на САД значи дека американските медиуми често доминираат над канадските. Канаѓаните често повеќе внимание посветуваат на американските избори, отколку на пример на своите.


7. Ме изненадува тоа што уште никој не споменал колку се скапи стоматолозите.

8. Поседувањето недвижнини. Многу луѓе не можат ниту да сонуваат за престанување плаќање кирија и купување стан.

9. Фактот дека полицијата ја лекува кризата на менталното здравје. Мислев дека моите даночни пари се трошат на здравствена заштита.