Подгответе го овој необичен десерт на кој никој не може да остане рамнодушен.
- Било кој вид на сладолед (потребни ви се 6 топчиња);
- 5 лажици брашно;
- 8 лажици презла;
- 3 јајца;
- Масло за јадење;
- Малку шеќер;
- Екстракт од ванила.
Прво потребно е да изберете калап во којшто ќе ги ставате топките сладолед кои може да ги ставите и во замрзнувач (еден час) за да замрзнат пред самото похување.
Потоа извадете ги топчињата сладолед од замрзнувачот и извалкајте ги во брашно, па во јајцата во кои претходно сте ставиле малку шеќер и екстракт од ванила, па на крај во презлата. Повторете ја истата постапка со останатите топчиња сладолед.
Потоа вратете ги топчињата во калапот и оставете да стојат во замрзнувач околу еден час.
Потоа пржете ги на масло за јадење додека не заруменат.
Пријатно јадење!