Милевски без двајца искусни репрезентативци и со тројца дебитантни во јунските предизвици

Дерби

23/05/2022

16:59

4.800

Големина на фонт

а а а

Благоја Милевски денеска го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за јунските предизвици во Лигата на нации, натперварување во кое ќе одиграме четири натпревари во краток временски интервал.

Македонскиот предводник селектираше 28 фудбалери, а иако костурот на тимот е оној стандардниот, вреди да се напомене дека ќе отсуствуваат двајца искусни репрезентативци како Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, а шанса ќе добијат тројца дебитанти.

Бојан Димоски од Академија Пандев, Томче Гроздановски од Злате Моравце и Енис Фазлагиќ од Висла Краков се тројцата играчи кои ќе добијат шанса во јунскиот циклус, кој го започнуваме со два натпревари на гостински терне против Бугарија и Гибралтар (2 и 5-ти јуни), по што следат два меча на домашен терен против Грузија и Гибралтар (9 и 12-ти јуни).

– Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата. Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври.

– Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат, – изјави Милевски, објаснувајќи го отсуството на Адеми и Јаховиќ.

Повикани фудбалери:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА);

ОДБРАНА: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Кире РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), Стефан АШКОВСКИ (Сепси, Романија), Никола СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

СРЕДЕН РЕД: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Леванте, Шпанија), Стефан СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердал РАКИП (Малме, Шведска), Бобан НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);

НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Шалке 04, Германија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија).



Спонзорирани линкови

Маркетинг