Чави: Спречивме катастрофа, сега следи тешка канцелариска работа!

Дерби

23/05/2022

16:57

3.097

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес ја заврши сезоната во Ла Лига на непосакуван начин, односно неговата Барселона загуби од Вилјареал со 0:2 и го навлече гневот меѓу присутните навивачи на „Камп Ноу“.

Фановите на Барселона ги „наградија“ играчите со свирежи за прикажата игра на последниот натпревар оваа сезона, по што Чави како најодговорен направи едно резиме за сето она што го направи откако го презема тимот.

Барса евидентно се подобри и забележа скок на табелата и заврши како второпласирана, но за Чави тоа не е доволно, особено поради тоа што тимот не се бореше за ниту една титула и во ниту еден момент не беше блиску до трофеј.

– Знам дека дојдов во многу тежок и комплициран момент. Се подобривме откако дојдов, но не доволно добро. Одигравме некои брилијантни натпревари, но мора да бидеме поконстантни. Тука сум за да се освојуваат бодови цели време, сега треба да свртиме лист и да се насочиме на наредната сезона. Треба да гледаме позитивно, спречивме катастрофа, оваа можеше да биде ужасна сезона. Дојдов во еден од најтешките моменти во историјата на клубот и мора да промениме многу работи.

– Свирежите? Нормално е што публиката реагира така, никој не сака да губи на домашен терен. Кога ќе се направи еден баланс и резиме за она што го доживеавме откако сум тука, треба да бидеме задоволни. Мора да бидеме скромни и да ја согледаме реалноста. Сега следи тешка канцелариска работа, треба да направиме план за новата сезона, како да се бориме за титули. Мора да промениме работи. Мора да се засилиме и да се подобриме, – изјави Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг