На денот на погребот се појави нова снимка од Матеј Периш, сите ја гледаат по неколкупати: Можат ли овие 36 секунди да ја расветлат мистеријата?

Точка

23/05/2022

20:24

18.247

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави нова снимка од безбедносните камери во Бетон Хала во Белград, на која наводно е Сплиќанецот Матеј Периш.

Станува збор за снимка која настанала кобната вечер кога момчето, од непознати причини, го напуштило клубот „Готик“.

Снимката се појави на социјаните мрежи, баш на денот на погребот на Периш во родниот Сплит, Хрватска.

На снимката се гледа како момчето, во маица која одговара на онаа која ја носел Периш вечерта кога исчезнал, и физички изглед и градба како Матеј, трча по шеталиштето кај Бетон Хала кон улицата Караѓорѓева, поминувајќи покрај луѓе.

Станува збор за сосема ново парче во мозаикот, што би можело да помогне да се реши мистеријата за исчезнувањето на Периш, бидејќи веќе има видео како Матеј фаќа такси на Караѓорѓева, а се знае дека претходно бил во „Готик“.

Видеото кое трае 36 секунди би можело да расветли дел од мистеријата, особено поврзувајќи ги моментите од заминувањето на Матеј од клубот „Готик“, со моментот кога се обидел да фати такси на Караѓорѓева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг