Следните денови повремено нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Макфакс

23/05/2022

12:40

2.176

Големина на фонт

а а а

Во следните денови претежно во попладневните часови повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Повремено нестабилноста ќе се појавува и во вечерните часови.

Во овој период дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се одржува доста топло време.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.