Изгледа како да е 9-ти месец бремена, а не може да раѓа: Ова е нејзината болест со која се соочуваат сè повеќе жени во светот

Точка

19/05/2022

20:21

18.343

Големина на фонт

а а а

Американката Кејси Рејснер (40) за првпат добила менструален циклус на 11 години, а првите проблеми започнале на 14-годишна возраст.

Менструациите ѝ биле обилни и многу болни, а потоа со текот на времето се нарушил и нејзиниот циклус. Со години одела од еден лекар на друг за конечно да добие дијагноза – ендометриоза. Со оглед на брзото напредување на болеста, лекарите ѝ советувале да направи хистеректомија со што засекогаш ја загубила можноста да стане мајка.


„Моите симптоми беа многу болни односи, обилни менструации, грчеви кои беа толку силни што не можев да станам од кревет и ненормална надуеност на стомакот. Тоа траеше со години за лекарите како крајно решение за моите болки да ме советуваат да ја извадам матката, што го направив тоа. Мислев дека со тоа моите проблеми ќе се решат, меѓутоа така беше само неколку месеци по операцијата, по што сè се врати на старо. И сега најголемата иронија е што сите мислат дека сум бремена бидејќи така изгледам, а јас не можам да имам деца“, раскажала Кејси, пренесува британскиот „The Sun“.

Американката вели дека стомакот ѝ се дуе веднаш штом ќе стане и дека не постои начин како да го реши тој проблем.


„Ова ми го уништи животот. Отсекогаш сум сакала да бидам мајка, имам неверојатен однос со својата – таа ми е најдобра пријателка и тоа го посакував и јас“, додала Рејснер.

Кои се симптомите на ендометриоза?

Речиси и да не постои жена која барем еднаш во животот немала болна менструација, пропратена со силни грчеви кои спречуваат извршување на секојдневните активности. Но, податоците велат дека кај околу 11 отсто од жените во репродуктивниот период (од 15 до 54 години), за таквите болки е одговорна ендометриозата.

Ендометриозата е состојба во која ткивото на ендометриумот (слузокожата на матката) кое под нормални околности ја обложува внатрешноста, расте надвор од матката и предизвикува воспаленија во организмот.


Најчести симптоми се болни менструации, болки при сексуален однос, нарушување на месечниот циклус, преобилно менструално крварење или крварење помеѓу два циклуса како и неплодност.

Дијагнозата вообичаено се поставува доцна (од појавата на првите симптоми во просек поминуваат 8-9 години), во специјализирани институции и најчесто во врска со утврдување на причините за неплодност.


Како се лекува?

Терапијата зависи од стадиумот на болеста и симптоматологијата. Таа може да биде медикаментозна како орална хормонска контрацепција, хируршка или комбинација од медикаментозна терапија и оперативен зафат. Имајќи предвид дека ендометриозата е често пропратена со неплодност, кај жените кои сакаат да родат се практикува асистирана репродукција. Притоа, им се советува да затруднат што е можно поскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг