Поради еспресо од 2 евра кафуле добило висока казна: Гостинот ги пријавил во полиција

Точка

19/05/2022

17:57

17.400

Големина на фонт

а а а

"Ditta Artigianale" своето кафе отсекогаш го продавал по премиум цена.

Кафуле во Фиренца добило казна во висина од 1.000 евра, бидејќи еден клиент се пожалил на цената на "обично" еспресо - имено, ова кафе било наплатено 2 евра.

Како што пишува "Daily mail", гостинот со неверување тврдел дека локалот "Ditta Artigianale" му го наплатил еспресото две евра, а притоа не ја прикажал цената во менито.


Се огласил и сопственикот на кафулето, велејќи дека сите цени се прикажани на интернет и дека цената - која е речиси 70 проценти над просечната за еспресо - е необично висока бидејќи треба да ги покрие трошоците за набавка на зрната од специјална плантажа во Мексико.

Сепак, полицијата одбила да го прифати неговото образложение и Франческо Санапо морал да плати казна од 1.000 евра.


„Ме казнија бидејќи некој се навредил што платил 2 евра за бескофеинско еспресо. Можете ли да верувате?“, рекол незадоволниот Санапо во видео објава на Фејсбук и додал:

„И денеска може некој до толку да побесни и да ја вмеша полицијата, која заклучи дека сме погрешиле поради застарен закон“. Тој закон, вели, мора да се промени, бидејќи инаку 99,9 проценти од баровите и рестораните би биле казнувани.

Добро е познато дека пиењето на еспресо е составен дел од италијанската култура, а кафулињата во Италија се познати по послужувањето на добро кафе - по традиционално ниски цени. Сепак, тоа повторно е релативно.


Иако проблемите во ланците со снабдување и затворањето на кафулињата, поради пандемијата, довеле до тоа многу италијански компании последните месеци постојано да ги зголемуваат цените, сепак просечната цена за еспресо во голем број на локали и натаму околу 1 евро.

Но, се наведува дека "Ditta Artigianale" своето кафе секогаш го продава по премиум цена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг