Бајка на Црното море: Турски град кој „лежи“ на два острови

Точка

18/05/2022

15:01

40.119

Големина на фонт

а а а

Медитеранот е речиси секогаш симбол на добар и квалитетен одмор и топло и сино море.

Меѓутоа, постојат многу дестинации кои можат да се посетат, а кои се наоѓаат, да речеме, на Црното море, а едно од таквите места е Амасра.

Амасра е мало гратче на северот на Турција, на околу 3 часа возење од Анкара. Иако припаѓа на Турција, потеклото на името му е грчко – дури и познатиот грчки писател Хомер во древните времиња истакнал дека ова населено место има голем туристички потенцијал.

Амасра е живописен рибарски град покрај брегот на Црното море, во провинцијата Бартин, кој на исклучително убав начин ја спојува османската и византиската архитектура. Во Турција е познат како место со одлични рибји специјалитети, тесни градски улички и стари традиционални куќи кои некако срдечно се збиени една до друга.

Овој град е најдобро да го „запознаете“ пешки и се состои од два споени острови – Големиот и Малиот остров. Големиот остров е поврзан со романтичен римски мост, а најпознатите знаменитости, освен богатата историја и култура, се и двете плажи кои ги носат истите имиња – Голема и Мала плажа.

Amasra, Turkey

Posted by Trip & Travel Blog on Thursday, May 7, 2020

Додека шетате низ градот, неизоставен дел од неговото запознавање се однесува и на неговата гастрономија – во рестораните доминираат свежите морски плодови. Во градот живеат околу 6.000 жители, додека во туристичката сезона тој број се искачува и до 25.000 посетители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг