На границата на вкусот и кичот? Најплатената актерка на светот прошета во традиционален фустан и го засени Кан

Точка

18/05/2022

12:10

15.000

Големина на фонт

а а а

Најгламурозниот настан во годината, филмскиот фестивал во Кан, започна синоќа и без сомнеж наредните денови ќе зборуваме за елегантните фустани на славните убавици.

Филмскиот фестивал во Кан секогаш е настан на годината, а особено после укинувањето на сите епидемиолошки мерки и враќањето на животот во нормала.

Холивуд веќе пристигна во Кан, а на отворањето најмногу внимание привлекла убавата индиска актерка која годинава ќе биде во стручното жири – Дипика Падукон.


Сè на убавата Индијка било оригинално и несекојдневно. Од фустанот до шминката, таа блескала и со право привлекла најголемо внимание на црвениот тепих.

Комбинациите на црна и златна боја потсетувале на Клеопатра, а актерката одлучила да носи традиционално сари, додека пак заслужен за оваа креација бил Сабјасачи Мукерџија, најпознатиот индиски моден креатор.

Како што веќе знаеме Индијките сакаат ефектни модни изданија, па така и Дипика одлучила покрај фустанот да носи и златни обетки и ист таков детаљ околу пунџата, а носела и многу прстени.


Нејзината шминка била јака, со најмногу нагласување на очите за постигнување на максимален ефект.

Дипика Падукон е една од најплатените актерки на светот, па вие проценете дали ова нејзино модно издание ви се допаѓа или пак не, или пак дали е по ваш вкус или не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг