Шведска и Финска утре заедно ќе предадат барање за членство во НАТО

Точка

17/05/2022

18:23

1.842

Големина на фонт

а а а

Шведска и Финска во среда заедно ќе ги предадат своите барања за членство во НАТО, рекла денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Во Шведска и Финска се согласуваме рака под рака да го минеме целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања“, рекла Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во шведската метропола.

Финскиот парламент во вторникот се изјаснил за приклучување кон НАТО со големо мнозинство од повеќе од 95 проценти гласови, што е овозможено Хелсинки до седиштето на Северноатлантскиот сојуз да прати официјално барање за членство.


Истиот ден шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, го потпишала барањето на својата земја за членство во НАТО.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина го променила јавното мислење за приклучување кон воениот сојуз. Со исклучок на Турција, останатите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на тие две земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг