Кевин Дурент гостувал кај Дејвид Летерман во серијата на Нетфликс во која зборувал за легализација на марихуаната.
Кевин Дурент веќе со години пропагира легализација, а отворено зборува за тоа дека е љубител на таа дрога.
Кошаркарот отворено рекол и дека со спортистите зборува за марихуана и дека целта му е да се дестигматизира и да се обиде да го промени наративот што постои околу спортистите и марихуаната.
Она што му е проблем на Дурент е дека баш не може да се занимава со кошарка и да ужива во марихуаната. Таа е и понатаму на списокот на забранети супстанци во НБА лигата.
Всушност, за време на натпреварите во балонот немало тестирања на марихуана, додека за тековната сезона биле откажани и тестовите по случаен избор.
„За мене марихуаната е нешто што ти ги разбиструва мислите од сè. Те смирува. Тоа е како да испиеш чаша вино“, вели Кевин Дурент.
Дурент рекол дека пуши марихуана од 22 години, а признал дека под нејзино дејство бил и додека разговарал со Летерман. Емисијата со Дурент ќе биде објавена на Нетфликс на 20-ти мај.