Јадранската Копакабана: Песочната плажа долга 13 километри летово ве чека на топлиот југ

Точка

17/05/2022

15:00

42.516

Големина на фонт

а а а

Дали треба да нè чуди тоа што оваа плажа „The New York Times“ ја сместил во најпопуларните туристички дестинации уште во 2010 година?

Прекрасната песочна плажа, долга дури 13 километри го носи името Голема плажа, а истата е најдолга на Јадранот.

Сместена е во Улцињ, а поради својата популарност го добила прекарот „Улцињска Копакабана“.


Плажата од градот е оддалечена на само 5 километри, па не е ниту чудно што многумина тргнуваат пешки или пак со автомобил за да ја видат нејзината убавина и таму да го поминат целиот ден.

За свое место под сонцето не треба многу да се грижите, зошто се претпоставува дека на Големата плажа има место дури за 150 илјади капачи.

А, дополнително причина да ја изберете токму неа и нејзиниот песок е тоа што е богата со минерали поради кои многу од луѓето токму ѝ ги препишуваат лековитите својства.


Плажата е отворена, но сите оние кои не се фанови на сончањето можат да се скријат под големите чадори или пак уште подобро, да се разладат под сенката на боровата шума.

Освен капењето и сончањето, меѓу најпопуларните активности е и kitesurfing поради прекрасните ветрови кои дуваат налето, а место има и за нуркачите, одбојкарите, тенисерите, ракометарите, оние кои сакаат да отпливаат во длабочините на хоризонтот.


Инаку, и плажата и градот Улцињ се наоѓаат недалеку од реката Бојана во Јадранското море.

Бојана е природната граница на Црна Гора и Албанија, па се надеваме дека веќе имате идеја каде би отпатувале следно.

На само 10-на километри се наоѓа албанската граница, а на 40-на километри северно ве чека прекрасното Скадарско езеро. На самата река Бојана може да го посетите прекрасниот остров наречен – Ада Бојана.





Спонзорирани линкови

Маркетинг