Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе

Дерби

17/05/2022

11:58

2.397

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе наредниов период ќе ја соопшти својата конечна одлука во однос на клубот во кој ќе настапува наредните сезони, а главен фаворит останува Реал Мадрид кој се чини дека одамна го убеди Французинот на преселба во шпанската метропола.

Но, актуелниот клуб ПСЖ не се откажува до последен момент и со своите понуди се обиде да го премисли Мбапе, а во игра бил и трет клуб кој се обидувал да излезе како победник од „кавгата“ меѓу ПСЖ и Реал.

„Марка“ тврди дека Ливерпул не само што постојано ја следел ситуацијата со Мбапе, туку пред неколку дена ја испратил и својата официјална понуда, како обид да го привлече Французинот.

Сепак, Мбапе иако благодарен и поласкан за интересот од уште еден гигант, брзо се заблагодарил на понудата и ја исклучил опцијата за преселба во Премиер лигата.

Реал Мадрид останува примарна цел на напаѓачот и се чини дека во моментов тоа е единствениот клуб за кого би потпишал доколку и дефинитивно се раздели со ПСЖ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг