Британски фудбалер јавно призна дека е геј: Подготвен сум да бидам слободен и свој

Макфакс

16/05/2022

20:40

3.172

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Блекпул, Џек Даниелс, во телевизиско интервју за „Скај њуз“ призна дека е геј. Тој е единствениот активен британски фудбалер кој признал дека е хомосексуалец и вториот во светот што го сторил тоа.

Австралиецот Џош Кавало објави на Инстаграм во октомври минатата година дека е геј. Левиот бек на Аделаид Јунајтед ја раскажа својата приказна која ја започна со зборовите:

„Сакам да споделам нешто лично со вас. Јас сум фудбалер и сум геј”.

Според негово признание, Даниелс го направи тоа за да ја оттргне стигмата и додаде дека ја има целосната поддршка од соиграчите и клубот што се натпреварува во Чемпионшип.

„Со денови размислував како и кога да го направам тоа и чувствувам дека сега е вистинското време. Сакам луѓето да знаат кој сум вистинскиот јас, постојаното лажење не е она што сакам да го правам. Се борев, но сега се чувствувам подготвен да бидам свој и слободен“, рече тој.

Последниот британски професионален фудбалер кој излезе беше Џастин Фашану во 1990 година. Осум години подоцна, како 37-годишен, си го одзел животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг