Ерлинг Халанд делува застрашувачки добро на својот дебитантски мундијал, па како еден од лидерите на Норвешка, тој и соиграчите го повторија историски најдобриот резултат на оваа земја.
28 години по осминафиналето кое го играа „викинзите“ во Франција, Норвешка ќе биде дел од фазата од 16те најдобри светски селекции и во САД, Мексико и Канада, а предизвикот во оваа рунда ќе биде навистина голем.
Норвешка вкрстува со Бразил и тоа ќе биде натпревар на кој сигурно ќе сакаат да се одмаздат „кариоките“, од едноставна причина што Норвешка им нанесе пораз на споменатиот мундијал во 1998-ма година.
– Ова е лудило, 28 години подоцна го потворуваме историскиот резултат. Ова е огромен резултат за нас, вистинско лудило. Убаво е да се види колку ова и значи на цела Норвешка. Оваа победа засекогаш ќе ја победи Норвешка, – изјави Халанд по победата над Брегот на Слоновата Коска со 2:1.
Токму Халанд беше стрелец на голот за 2:1 во самата завршница, а тој доби и шанса прв да го коментира осминафиналниот дуел со Бразил.
– Ќе имаме мали шанси. Играњето против Бразил во осминафиналето е предизвик за кој ќе мора да се подготвиме. Отсега натаму, секој тим е од светска класа, ќе биде тешко да се мине секоја рунда. Имаме мали шанси, но ќе влеземе максимално подготвени, – изјави Халанд.







