(Видео) Чоколаден колач од 3 богати слоја: Неверојатно сочно и кремасто уживање

Точка

16/05/2022

19:14

28.371

Големина на фонт

а а а

Љубителите на чоколадните десерти ќе се воодушеват бидејќи овој рецепт е подобар и од сладолед.

Со три слоја чоколадо, овој колач е толку кремаст што се топи во уста. Лесно се подготвува, не се пече, а одличен е во деновите кога надвор е многу топло.

Заборавете на печењето кори – десертите кои се подготвуваат од филови веднаш ќе ве освојат.

Потребни состојки:

За првиот слој:

- 500 мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 лажица пченкарен скроб
- 2 лажици незасладено какао
- 50 гр. млечно чоколадо
- 1 лажица путер

За вториот слој:

- 500 мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица пченкарен скроб
- 50 гр. бело чоколадо
- 2 лажици брашно
- ванилин шеќер
- 1 лажица путер

За третиот слој:

- 100 мл. варено млеко
- 150 гр. црно чоколадо
- 1 лажица путер

Начин на подготовка:

1. Во млекото додајте шеќер, брашно, скроб и какао, па промешајте. Варете додека не се згусне, со постојано мешање, па додајте го млечното чоколадо.

2.Гответе додека не се стопи и се соедини со преостанатите состојки.

3. Потоа додајте го путерот и продолжете да мешате.

4. Ставете ја смесата во сад и оставете ја во фрижидер или во замрзнувач за да се стегне.

5. Во меѓувреме, измешајте го млекото, шеќерот, скробот, брашното и варете со постојано мешање.

6. Додајте го белото чоколадо и гответе додека не се соединат состојките, па ставете путер.

7. Гответе со постојано мешање, додека сето тоа не се истопи.

8. Кога малку ќе се излади, додајте го врз првиот слој и вратете го во фрижидер еден час.

9. Во зовриено млеко додајте чоколадо и мешајте додека не се стопи, па додајте путер и соединете сè.

10. Прелијте преку вториот слој и вратете го садот во фрижидер уште половина час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг