(Видео) Над 30 милиони корисници 'паднаа' од смеа: Го земала микрофонот и ја 'паузирала' сопствената венчавка, бидејќи...

Точка

16/05/2022

16:49

78.595

Големина на фонт

а а а

Невеста ја прекинала сопствената венчавка, а кога ќе слушнете која е причината - ќе ви стане јасно зошто ова видео кружи денеска на интернет.

Видеото кое стана вирално со рекордна брзина и насмеа над 30 милиони луѓе на социјалните мрежи, прикажува збунета млада жена која морала да ја паузира сопствената свадба. А кога ќе слушнете која е причината, и вие ќе се смеете.

Невестата застанала пред олтарот, подготвена да му каже „да“ на својот избраник, но секунди пред да даде завет на вечна љубов, морала да побара пауза. Одеднаш се сетила дека ѝ недостасува половина од венчаницата!

@jetsetbecks Pardon the interruption but priorities. #fyp #weddingtiktok #weddingday #weddingdress #marriage #marriagecomedy #bride #couplestiktok #truestory #marriedlife #husbandwife @sheriffayed ♬ original sound - Becky Jefferies

Беки Џефрис, креаторка на дигитални содржини која живее и работи во Дубаи, била среде кажување на брачните завети кога сфатила дека на нејзината венчаница недостасува еден дел. Таа го земала микрофонот во раце, им се извинила на сите и ги замолила да одморат неколку минути додека не ѝ го донесат „остатокот“ од венчаницата. Свадбената церемонија продолжила кога таа била „целосно“ облечена.

„За првпат во животот зедов микрофон во рака, и тоа за да ја паузирам сопствената венчавка и да завршам со облекувањето за пред олтарот“, се пошегувала таа на социјалните мрежи каде го објавила ова видео, додека во позадина се слуша смеа од присутните.

„Ова е како мојот најлош кошмар. Никогаш не ја замислував сопствената венчавка вака, но верувам дека никој нема да го заборави ова. Ви благодарам на сите што се смеевте со мене тој ден“, напишала Беки споделувајќи го видеото на ТикТок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг