Мајка и ќерка се состанале прв пат по 80 години на прославата на 98-от роденден на мајката

Точка

16/05/2022

15:48

9.165

Големина на фонт

а а а

Жената по име Герда Кол добила најпосебен подарок кој можела да го побара на својот 98-ми роденден - можноста повторно да се состане со својата ќерка прв пат по 80 години.

Како млада еврејска бегалка, Кол побегнала од Австрија во 1939-та година во Англија на почетокот на Втората светска војна. Неколку години подоцна, станала мајка на возраст од 18 години. Ограниченото образование и економските потешкотии не и оставиле друг избор освен да ја даде својата ќерка на посвојување.

Иако никогаш повеќе не и било дозволено да стапи во контакт со своето дете, Кол продолжила да живее исполнет живот. Се преселила во Канада, добила неколку дипломи и пропатувала низ светот.

Во меѓувреме, ќерката на Кол, Соња Грист, немала речиси никакви информации за својата биолошка мајка и верувала дека е почината. Синот на Грист, Стивен, дошол до некои сознанија, а за "Toronto Sun" раскажа: „Открив дека Герда, биолошката мајка на мојата мајка, има посинок и го контактирав на Фејсбук: Ми недостасува уште една информација. Потребна ми е само посмртницата на Герда...Можете ли да ми помогнете околу тоа? 'А тој ми кажа': Нема да пронајдеш таков документ бидејќи таа е жива и живее во дом за старци во Канада. Тогаш си помислив: Боже мој, мајката на мојата мајка е жива и во сабота полни 98 години“.

Стивен и Соња брзо отпатувале во Торонто и го пронашле споменатиот дом за стари лица. Видеото кое го споделил "CBC News" покажува како мајката и ќерката споделуваат емотивна прегратка. Плачеле, се смееле, танцувале и јаделе колачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг