Популарната фатална убавица блеска по породувањето: „Имам над 90 килограми и многу самодоверба“

Точка

16/05/2022

23:45

19.596

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот плус-сајз модел на светот, Ешли Грејем, прошетала на улиците во Њујорк, првпат појавувајќи се во јавноста откако во јануари годинава се породи.

Убавата бринета избрала лежерно модно издание, а нејзиното зголемено деколте привлекувало внимание кај минувачите.

Ешли имала широка насмевка на лицето и била расположена, а носела фармерки со широк крој и „оверсајз“ белa кошула, под која се гледало бодито со боја на цигла кое ги нагласувало големите гради на славниот модел.


Инаку, бодито е дел од новата колекција која Грајмс ја дизајнирала за брендот на долна облека „Knix“.

„Премногу удобно за да го соблечам. Премногу секси за да не го носам кога излегувам“, прокоментирала Ешли.

Оваа 34-годишна жена комбинацијата ја надополнила со златен ѓердан, обични влечки и очила за сонце, а иако секогаш имала прекрасни облини, толку големите гради сепак се должат на фактот што моментално ги дои своите 4-месечни близнаци – Малакеја и Романа.


Ешли пред неколку денови објавила фотографија на која се гледа како ги дои близнаците во исто време, а признала дека станува збор за техника за која ѝ биле потребни неколку седмици да ја совлада.

Оваа бринета со уживање ја известува јавноста за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка на три деца – споменатите близнаци и двегодишниот Ајзак, а често објавува и фотографии од нејзиното тело по породувањето, рушејќи ги предрасудите и приближувајќи ни ја реалноста на обичните жени кои не се враќаат веднаш во форма по породувањето.

Славната убавица минатата година признала и дека денес води фрустрирачки разговори за својот телесен изглед, баш како и на почетокот од кариерата, иако многумина веруваат дека ги поместила границите на моделингот.


„Луѓето често ме прашуваат како успевам да имам самодоверба и го коментираат мојот стил на облекување. Тоа што носам конфекциски број 16 (американски), имам над 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека сакам постојано да водам разговори за тоа што е потребно да имам толку самодоверба.

Тоа што сум голема девојка не значи дека морам непрекинато да водам вакви разговори. За мене тоа е малку шокантно поради тоа што истите прашања не им се поставуваат на слабиде жени. На крајот, навистина не е сè во изгледот. Понекогаш е тоа што се наоѓа во нас, нешто на што треба сите да поработиме“, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг