Сопственичка оставила парче месо пред своето куче и му забранила да го јаде, видеото е хит

Точка

15/05/2022

13:33

17.850

Големина на фонт

а а а

Златниот ретривер по име Такер станал хит на интернет откако неговата сопственичка Линда објавила видео во кое го ставила својот миленик на тест.

Линда на масата оставила сочно парче свинско месо. Пред да излезе од просторијата, му наредила на своето куче дека не смее да го јаде. Такер најпрво збунето гледал, го мирисал месото, но не го изел.

Потоа му се приклучило и другото куче, Тод. Кучињата станувале се понетрпеливи и на крајот "попуштиле". Тод бил побрз, па така Такер останал без вкусното парче месо.

Видеото е објавено на Јутјуб, а досега е прегледано повеќе од три милиони пати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг